Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Михаилов се најде во необична ситуација: На Фејсбук навредуваат, на терен со подадена рака бараат помош

Кире Михаилов, заменик директор на „Национални шуми“ со денови е на терен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кире Михаилов, заменик директор на „Национални шуми“ со денови е на терен каде учествува во справување со пожарите.

Денеска тој се огласи на социјалните мрежи и сподели случка со јавноста. Како што вели, жена која ја социјалните мрежи го навредувала, со срам со очите побарала помош од него во гаснење на пожар чиј проширен крак се упатил кон нејзиниот имот.

-Една тетка во поодминати години, мој јубилеен следач, не ја знам ниту пак таа ме знае, освен што ја имам гледано на сликите на ФБ, честопати ми коментира напаѓајќи го целиот мој ангажман, а вчера во едно од моите видеа ме нарече дури и ЦИРКУЗАНТ!
НО, ЧУДО!!!
Вчера доцна попладне, на повикот за гасење на пожарот во Струмица кој од гробиштата беше веќе навлезен во Софилар, јас веднаш од планината Готен со неколку пинцгауери дадовме приоритет на тој пожар и стигнавме на влезот на Софилар покрај новите згради.
На влезот после мостот имаше толпа луѓе, а МВР со првите пинцгауери не упати по една од улиците каде се издигаше многу густ црн чад.
Потаму по патот, имаше пак луѓе кои набљудуваа, шоферот на пинцот застана, а јас излегов да прашам по која улица да фатиме и каде е најризично и има оган да гасиме.
И ете го чудото, тетката која пред неколку часа ме нарече циркузант одеднаш се појави пред “циркузантот”, ме фати под мишка за едната рака и гледајќи ме во очи, ми вели: Кире, те молам, одете тука, по оваа улица одете, имаме и ние таму имот.
Во целиот хаос не ја разбрав дали кажа куќа, викендица или нешто друго, но, знам дека и кажав дека не треба да ме моли, да не се секира и да биде сигурна дека ќе направиме секаде и се што можеме.
Отидовме и направивме се што можеме.
На овој пожар во Софилар, освен што видов дека пинцгауерите ќе бидат чудо за гасење и на вакви пожари, видов и уште една работа,
ВИДОВ ГОЛЕМ И НЕСКРИЕН СРАМ ВО ОЧИТЕ НА ТЕТКАТА, НО, НЕ ИСКОМЕНТИРАВМЕ НИШТО, НИТУ ЈАС, НИТУ ТАА И СЕКОЈ СИ ПРОДОЛЖИ ПО СВОЈОТ ПАТ … !!!
Толку е постот!
Ви благодарам на вниманието!
Одам да бидам рамо до рамо со сите оние кои жртвувајќи ги своите животи се борат со огнените јазици од пожарите кои некои координирано ни ги палат во МАКЕДОНИЈА, пишува Михаилов на Фејсбук.

Реклама

Објавениот фејсбук статус може да го прочитате на следниот линк: