Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Мицкоски: Задоволен сум од Извештајот на ЕК за Македонија, следуваат реформи во правосудството

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос за Извештајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос за Извештајот на ЕК за Македонија изјави дека од истиот е задоволен и дека нема назадување, а за периодот кој што следи најави сериозни реформи во правосудството.

-Јас сум исклучително задоволен бидејќи нема назадување, има стагнација во одредени области и тоа ние сите го зборуваме, тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, затоа нонстоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет, во обвинителството… Сега веќе по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се таа тема, изјави Мицкоски и додаде:

-Јас генерално можам да го оценам како добар. Инаку, неможам да се сложам со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас. На пример ние сме многу пред Албанија условно кажано дури во 8 области сме пред Албанија, иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа. Кога ќе се анализира состојбата на државата кој е спремен кој не е спремен, објективната оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово…, појасни Мицкоски.

Реклама

Мицкоски истакна дека владата е реформска и дека има многу работи кој што треба да се пофалат.

-Оваа Влада е реформска, ме охрабруваат пораките за реформи во делот на економијата, ве делот борба против перењето пари, воведувањето на заедничкиот платежен систем СЕПА, Царината, Роаминг фри ќе биде имнплементиран во периодот кој што следи, има многу работи кој што треба да се пофалат, јас сум задоволен и тоа ме охрабрува, истакна премиерот.