Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски: Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада

Законот за правична застапеност е готов и најдоцна до 24 јуни ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за правична застапеност е готов и најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада, потоа ќе биде испратен до Венецијанската комисија и доколу е се во ред ќе го доставиме во Парламентот, рече премиерот Христијан Мицкоски.

-Очекувам на една од наредните седници на Влада, најдоцна 24 јуни, да помине и потоа ќе го пратиме до Венецијанската комисија и ќе бараме ургенција за итност. И тие да се произнесат и потоа, доколку е се во ред да го пуштиме во Парламент за да може да се донесе и да немаат тема политичарите коишто се обидуваат да предизвикаат етничка поларизација, рече Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник на Алсат.

Премиерот ги отфрла обвинувањата од опозицијата за етнички и партиски вработувања од страна на власта.

Реклама

-Не постојат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци или останати, туку дека постојат граѓани на Македонија, бидејќи ние сме мултиетничко општество. Институциите, јас ви гарантирам дека вработуваат луѓе според своите потреби. Некаде можеби повеќе Турци, некаде можеби повеќе Албанци, нека Срби, некаде Македонци, накаде Роми, некаде Бошњаци, во зависност од потребите на институциите. Не се согласувам со тоа што го зборува албанската опозиција, бидејќи освен националната тема и етничка поделба немаат друга тема. Од друга страна македонската опозиција пак обвинува за вакви вработувања и за партиска поделба… истакна Мицкоски.