Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Мицкоски: Законот важи за сите – обезбедувачот осомничен за насилство е веќе во притвор

Нема да се дозволи неказнивост на припадниците на државните служби – ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да се дозволи неказнивост на припадниците на државните служби – ова го порача првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски ,откако во јавноста се пласираше инфомацијата дека член од неговото обезбедување вршел физичко насилство врз својата сопруга.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека случајот со неговиот обезбедувач кој заврши во притвор по напад врз сопругата е доказ дека, за разлика од минатото, сега законот важи за сите,нагласувајќи дека не толерира недисциплина во безбедносните структури.

Мицкоски вели човекот кој бил дел од неговото обезбедувањене го гледал често ,а воедно бил дел од претходницата, односно не е кадар кој тој не го вработил туку го наследил. Вели и дека жената која го пријавила лицето, била ќерка на негов колега од Факултет.

Реклама

„Ова е уште еден доказ дека законот важи подеднакво за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедување на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки и минуваа неказнети. Во овој случај, при најмал престап, системот веднаш функционира. Јас не толерирам недисциплина“, рече Мицкоски.

А за кадрите кои практично се наследени од претходните власти, токму партијата која до пред две години беше на власт и имаше свој министер за внатрешни работи, денеска бара оставка од министерот Панче Тошковски.

На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека станува збор за уште еден скандалозен случај кој, според неа, ја покажува состојбата во безбедносниот систем.

Обезбедувањето на Мицкоски е под директна надлежност на министерот Панче Тошковски. Ако полицајците на Тошковски се тепачи и учесници во семејно насилство, нема систем што може да се воспостави за превенција ниту пак заштита на жртвите, рече Поповиќ.

Таа оцени дека насилството во државата станало секојдневие и наведе повеќе случаи на семејно, врсничко и друго насилство, тврдејќи дека институциите не реагираат соодветно.

Инаку лицето Р.Р. кое е пријавено за семејно насилство, според билтенот на МВР е отстрането од работното место.

Настанот се случил на 2 мај, околу 23 часот кога неговата 37-годишна сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом, каде ѝ биле упатувани и закани.

При нападот, на оштетената ѝ бил скршен и мобилниот телефон.