Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

🎥 Мицкоски за заедничкиот труд на Владата и локалните власти: Ова е моделот на функционирање кој го промовираме

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свечено отворање на ЈЗУ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свечено отворање на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – амбуланта Илинден, во населеното место Илинден.

-Со особен чест и големо задоволство денес сме тука заедно за да ја отовриме новата амбуланта на Здравствениот дом – Скопје во општина Илинден. Проект кој не е само уште една зграда, туку доказ дека кога институциите соработуваат, кога има визија и посветеност кон граѓаните тогаш резултатите не изостануваат, изјави Мицкоски.

Тој потенцира дека во оваа амбуланта се вложени околу 16 милиони денари, но заедно со придружната инфраструктура достигна 25 милиони денари.

Реклама

-Вредноста на овој објект е далеку поголема од паричниот износ, таа се мери во сигурноста на родителите дека нивните деца ќе имаат здравствена грижа близу до домот, во спокојот на повозрасноите жители кои веќе нема да мораат да патуваат далеку за преглед. Во достоинството на здравствените работници кои конечно добиваат услови какви што заслужуваат, потенцита Мицкоски во своето обраќање.

Тој додаде дека ова е плод на заеднички труд на министерството за здравство, владата и на локалната самоуправа Илинден.

-Ова е моделот на функционирање кој го промовираме. Соработка наместо изговори, дела наместо зборови, потенцира Мицкоски.

Објектот е со површина над 600 метри квадратни и е на две нивоа.