Реклама
Македонија

Мицкоски за предлогот на Филипче: Болшевистичка мерка предложена од страна на канабис опозицијата

Болшевистичка мерка за нула проценти ДДВ на храната од страна на канабис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болшевистичка мерка за нула проценти ДДВ на храната од страна на канабис опозицијата – вака премиерот Христијан Мицкоски ја оцени мерката која СДСМ ја нуди за амортизирање евентуален скок на цените на храната заради кризата на Блискиот Исток. Првиот човек на Владата вели дека дел од мерките кои социјал-демократите ги предлагаат се несериозни, и непрецизни предлози и доаѓаат од стана на луѓе кои ја огабувале Македонија. Вели и молкот е одговор.

Ако во еден момент ги слушате како создаваат хистерија за 600-700-800 евра минимална плата , а од друга страна велат да се избришат даноците, данок на додадена вредност итн. па не враќаат во едни други времиња на соц-болшевизам и една таква економија, затоа се обидов воопшто да не ги коментирам творците на канабис еконимијата во Македонија. Луѓе кои буквално ја ограбија Македонија, ги понижија македонските граѓани, ја понижија државата. – вели Христијан Мицкоски – претседател на Владата

По скокот на цената на горавата кои ја вознемирија македонската јавност, СДСМ се сети да нуди мерки, за кои дел од бизнис јавноста ги оценува како налудничави, особено да не се плаќа данок за храната. Интересное што толку овој предлог доаѓа од страна на социјал декомркатите оти токму во нивнот овладеење тие како го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување и спас за граѓаните.

Реклама

Оние останатите како мерки кои ги нуди Филипче – намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% односно на 10% при промет на сите енергиенси, дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен газ и метан како и намалување на акцизата за 4 денари веќе се и мерки кои веќе е востановено дека би се сповеле доколку државата се доведе во состојба за намалување на штетите од евентуална криза.

Односно тоа што на Филипче му текна , е воведено уште во 2022 година  преку измена на член 92 од Законот за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат.

https://youtu.be/YsfhZfgf5do