Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според законот, ќе има зголемување и нивелирање

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и ќе примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон. 

– Понудивме зголемување на платите на административните службеници за 40-ина проценти, ССМ го одби покачувањето! А во делот на минималната плата ние мораме да постапуваме според законот. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот момент кога работниците и работодавачите ќе се договорат, ние како странка тоа ќе го поддржиме и ќе го примениме – напиша Мицкоски во објава на „Фејсбук“ споделувајќи го неговото вчерашно излагање во парламентот на оваа тема.

Мицкоски вчера на пратеничко прашање посочи дека понудената опција сè уште стои на маса до сите административни службеници и оти кога тоа ќе се реши, 99 проценти од администрацијата ќе имаат регуларан однос со Владата како работодавач. 

Реклама

Потсети дека на административните служби уште мината година им понудиле зголемување на платите од март 2026 година до истиот период 2028 година за речиси 40 отсто под услов изнаоѓање формулација на еден заеднички колективен договор, што, наведе, било одбиено од ССМ.