Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Мицкоски за маркетите: Ако се докаже картелско здружување, ќе има казни

За целосно спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За целосно спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики, се засилуваат капацитетите на КЗК.
Со борбата против корупцијата не се занимаваме за да импровизираме. Ако се докаже картелското здружување, тогаш ќе има и казни, тврди премиерот Христијан Мицкоски кој гостуваше во поткастот „Каде се парите?“ и зборуваше на повеќе теми, меѓу кои беше прашан и за случајот со четирите големи синџири маркети и ССК, за што Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе прекршочна постапка. Врз основа на сознанијата дека постапиле спротивно на законот со одлуката да не прифаќаат нови ценовници од добавувачите, објави Pari.com.mk.

-Претпоставувам, мислите на нефер трговските практики и за картелското здружување. Би почекал тука со одлука, затоа што и самиот Закон е таков, вели потребен е период од девет месеци, а тој почна на први октомври минатата година, значи некаде до крајот на јуни, за да се направи некаква споредба во делот на нефер трговските практики. Од аспект на тоа дали Владата е во положба да ги брани овој тип на картелско здружување или големите маркети, доволно е да се вратиме неколку месеци наназад, кога ја почнавме онаа акција за замрзнување на профитната, дистрибутивната маржа, и ќе видите какви критики имаше од страна на дел од овие ланци. А, нашите информации, непотврдени мора да кажам, велат дека тие инструирале и политичка партија од опозицијата да прави пресови напаѓајќи ја Владата… Тогаш, ќе го добиете одговорот дека не само што не го поддржуваме тоа, туку напротив, се бориме жестоко, и за тоа имаме политички одреден конфликт. Бидејќи на нивните прес-конференции нема економско обраќање и економски позиции, има политички, вели Мицкоски.

Поради тоа што се работи за големи пари, постои неверување дека може да се истрае во оваа борба. На прашањето – може ли да се очекува, доколку се докаже картелското здружување, дека за првпат ќе има казни, Мицкоски одговара:

Реклама

„Апсолутно, ако се утврди, ако има докази, се разбира. Јас повторно ќе кажам, ние со оваа работа немаме намера да се занимаваме за да импровизираме. Никому ништо не должиме. Должиме на народот кој ни ја дал довербата, 450 илјади гласови пред една година и претседателката која освои 550 илјади. Повеќе од пола милион луѓе ни дале доверба“.

За целосно спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики, се засилуваат капацитетите на КЗК.

„Од информациите со кои располагам, тие упатија барање до Министерството за финансии за вработување на неколкумина, со кои кадровски би се засилиле и добија позитивен одговор. Мислам дека процесот на селекција веќе тече и многу скоро ќе има и кадровско освежување на таа Комисија“, вели Мицкоски во „Каде се парите?“.