Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Мицкоски за изјавата на Филипче: Жалам што повторно одлучиле да коленичат на туѓите интереси наместо да застанат со Владата во одбрана на националните интереси

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да даде коментар на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да даде коментар на изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во која вели дека „од Бугарија не сме слушнале дека го негира нашиот идентитет“, рече дека жали што не застанале во одбрана на националните интереси. 

– Претпоставувам дека претседателот на СДСМ сè уште ужива во оние забави во Дубаи под импресија на музицирањето на еден српски фолк-автор и пејач, а занесен од сето тоа, а богами и заслепен, не успеа да види, ниту да слушне тоа што се случува од 2022 па наваму, односно од моментот кога владата на СДСМ и ДУИ ја прифати таа историска капитулација, со што покажа и докажа дека е мекото ткиво на македонскиот идентитет. Тоа нема да остане така како што мислат дека ќе остане – рече Мицкоски.

Премиерот изрази жалење што тие повторно одлучиле да коленичат на туѓите интереси наместо да застанат рамо до рамо со Владата во одбрана на националните интереси.

Реклама

– Јас жалам што тие повторно одлучија да коленичат на туѓите интереси наместо да застанат рамо до рамо со Владата во одбрана на националните интереси, но добрата вест е што набргу ќе има избори и по тие избори, ќе се случи партијата што тој ја предводи да се маргинализира. Се надевам дека тој и таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката и ќе дојдат луѓе што си ја сакаат, си ја љубат татковината, кои се вистински патриоти и кои ќе се борат за оваа држава заедно со оваа Влада и со мене – истакна Мицкоски.

Во однос на реконструкцијата на Владата, Мицкоски рече дека сè уште не се почнати разговорите бидејќи, како што истакна, сè уште е посветен на внатрепартиската структура за која очекува овој месец таа да се заокружи и да се посветат на владината коалиција.

Филипче вчера во изјава за медиуми по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев изјави дека „ние не сме слушнале од Бугарија дека ни го негира идентитетот“.

– Ние никаде од Бугарија не сме слушнале дека го негира нашиот идентитет ниту, пак, нешто е направено во времето на владите на СДСМ со цел да се загрози нашиот национален идентитет. Ние имаме една работа и се знае што треба да се направи со цел вистински да почнат реформите и со цел вистински да продолжи патот на евроинтеграции, а тоа се уставните измени, со кои ништо нема да биде загрозено. Лага е на ВМРО-ДПМНЕ, на Христијан Мицкоски она што го кажува поради тоа што не сака земјата да оди напред кон Европа и не сака вистински реформи – рече Филипче.