Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние што сакаат да го видат мојот политички крај

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од страна на органите на редот и целата понатамошна постапка е одлука на судската власт.

– Бегалецот е обезбеден од страна на органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – тоа е судската. Тоа нема никаква врска со Владата. Но, потсвеста е чудна и сега секој од нив се преиспитува што знае ова лице. И тоа ги „буши“. Да не се прошири делото од „Лотарија“, па да преминеме во Здравство или можеби нешто поврзано со вториот дел од вашето прашање – со канабисот. Сега седат и се вознемирени. И размислуваат, и совеста работи. Се грижат како може сето ова да заврши затоа што повеќе го нема Љупчо Коцевски, повеќе ги нема луѓето што беа нивен последен штит. Сега ќе дојде нов независен обвинител или обвинителка, ќе видиме како ќе биде, и тука очекуваме да биде правдата заштитена. А на оние што сега совеста им работи, немирни се, тешко спијат, нервозни се – тоа се гледа на прес-конференциите. Немирот си го прави своето. Сега велат доаѓа крајот. И кога доаѓа крајот, тие се обидуваат како мачка да скокнат на очи. Но заборавиле дека ние сме лавови и ваквите како нив ќе одговараат. И таа потсвест ќе продолжи да им прави немир и во периодот што следува – рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Љупчо Пренџов за приведувањето и одредениот домашен притвор на Груби.

Потенцира дека „допрва почнува агонијата за поединци“.

Реклама

– Тоа треба сите да го знаат. Апсолутно ги разбирам граѓаните, кои се револтирани. Апсолутно ги поддржувам нивниот револт, емоција. Јас не можам да бидам, и не смеам, и не треба да бидам емотивен – немам такво право. Но, процесот сам по себе ќе даде одговор. Еве март дојде, нема мигранти. Ширеа хистерија дека ќе банкротираме – издадовме обврзница со најниска камата во регионот, дури пониска и од некои членки на ЕУ. И да не редам сè што се правеше, а тие создаваа и се обидуваа да создаваат хистерија. Не им успеа. Така и ова. Времето работи на нивна штета. Има една позната грчка изрека: големите работи се случуваат во тишина. И тоа ги мачи – рече Мицкоски.

На обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека има договор да се врати Артан Груби, Мицкоски нагласи дека нема никаква логика да се договорил со оние што сакаат да го видат неговиот политички крај.

– Изминативе денови јавноста со право е вознемирана и апсолутно ги разбирам сите коментари, кои ги читам на социјалните мрежи. И тука не треба да има дилема дека постои револт кај нашите сограѓани од сите етнички заедници. Во минатото ова лице, заедно со неговите коалициски партнери, се однесуваше недостоинствено кон граѓаните, кон сите етнички заедници. Немам против во својата потсвест некој да ја обвини Владата дека има некаков договор, но да дојдеме до логиката. Јас како човек бев најнапаѓаниот од истото ова лице – Артан Груби. Се сеќавате на онаа фамозна реплика во еуфорија и една т.н. хистерија предизвикана од страна на истото лице, позната како „папа Мицко“. Се сеќавате кога на Прочка се креваа дронови над семејната куќа на сестра ми и тој имот се претставуваше како мој скриен имот. Се сеќавате колкупати во јавни изјави и настапи од страна на Артан Груби и сите оние што во тоа време беа дел од Владата предводена од СДСМ ме напаѓаа мене лично и со ниски страсти и со лаги, со клевети. И сега по некоја чудна логика јас излегувам како претседател на Владата и се договорам со овие што сакаат да го видат мојот политички крај, а некои од нив и човечки. Мислам дека тука нема никаква логика – рече премиерот.