Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Мицкоски за црниот печат на адвокатот Менкиноски: Тоа е лоша порака и директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид во изградбата на пречистителна станица во Кучевишка Бара, денеска изјави дека разговарал по телефон со адвокатот Тони Менкиноски и дека е детално запознаен со тоа што се случило. 

-Јавно го осудувам тоа што се случува. Тоа е лоша порака и лоша порака за самата Европска Унија и очекувам дел од земјите членки на ЕУ да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед бидејќи нема да биде првпат нашиот источен сосед да ги крши човековите права, тоа веќе го направи неколку пати досега, откако не ги примени пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур – изјави Мицкоски.

Реклама

Премиерот посочи дека не зборуваме за човек, којшто е криминалец, туку за чесен граѓанин „којшто единствен грев му е тоа што ги застапува правата на Македонците“ од другата страна на границата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

– Тоа е единствениот грев и затоа добива црн печат. Навистина бескрупулозно и заслужува целосна осуда и тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку ЕУ не излезе со осуда на ваквото однесување – изјави Мицкоски. 

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, вчера изјави дека го информирал парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.

Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права, смета дека политиките кои во иднина ќе ги градиме треба да бидат политики за демократизација на Бугарија која треба да ги почитува правата на македонското малцинство во целост. 

Според него, постојат повеќе механизми за оспорување на оваа одлука и тоа пред Советот на Европа и Обединетите нации, а информирани се и Хјуман рајс воч и Амнести интернешнл. Менкиноски очекува силна реакција од ОН.