Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

„Мицкоски води, Филипче и Таравари со низок рејтинг, економијата нов најголем проблем во Македонија“

Во последното истражување за јавното мислење во Македонија, Христијан Мицкоски и натаму…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последното истражување за јавното мислење во Македонија, Христијан Мицкоски и натаму го задржува првото место со најголема доверба од испитаниците, со 25,4%. На второ место е Венко Филипче со 3,8%, додека трето место му припаѓа на Али Ахмети со 6,2%, најпопуларен во албанскиот политички блок.

Вкупниот рејтинг на лидерите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши) е поголем од тој на Ахмети, но најголем дел од нив имаат ниска доверба, со Таравари и Филипче кои имаат ист рејтинг од 3,8%. Овој низок рејтинг на политичарите од коалицијата Вреди може да доведе до напуштање на коалицијата од страна на некои од лидерите, посебно Таравари.

Најниска доверба, под 2%, имаат политичарите како Апасиев и останатите, кои се во рамките на статистичка грешка.

Реклама

Што се однесува до проблемите што ги оптеретуваат земјата, криминалот и корупцијата, кои претходно беа најголеми проблеми, сега се поместени на второ место, а на прво место е економијата како главен предизвик според граѓаните.

Во поглед на партиските рејтинзи, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и натаму доминираат на политичката сцена во Македонија.