Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис-форум

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација престојува во официјална политичка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета на Австрија, денеска во Виена ќе има средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, на која се очекува да се разговара за продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот.

По средбата, Мицкоски и Штокер ќе се обратат на бизнис-форум пред претставници на стопанските здруженија на двете држави, на кои ќе се реафирмира одличната економска соработка и ќе се претстават можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу австриските и македонските компании. 

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,  министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.

Реклама

Премиерот Мицкоски вчера во Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора. Мицкоски, како што објави на својот фејсбук-профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“ посочувајќи дека Владата работи посветено да создаде стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: