Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Мицкоски во Тиват оди со јасно утврдени позиции: Јасен и извесен пат со развиени гаранции дека Македонија нема повеќе да биде жртва

Јасен и извесен пат, со развиени гаранции дека Македонија нема повеќе да биде жртва на непринципелни уцени и ќе движи напред. Премиерот Мицкоски на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват, заминува со јасно утврдедни позиции, но и со желба да слушне, дали и што има Европската Унија во однос на проширувањето. Упатените очекуват германскиот канцелар […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасен и извесен пат, со развиени гаранции дека Македонија нема повеќе да биде жртва на непринципелни уцени и ќе движи напред. Премиерот Мицкоски на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват, заминува со јасно утврдедни позиции, но и со желба да слушне, дали и што има Европската Унија во однос на проширувањето. Упатените очекуват германскиот канцелар Фридрих Мерц, детално да го образложи планот за еден вид фазно членство, кој отвора можности и за државава.

Според експертите клучно за Македонија е да добие гаранции пред спроведување на уставните измени. Првиот човек Институтот за демократија Социетас Цивилис Марко Трошановски, вели дека политиката на Владата во тој дел е соодветно поставена.

-Она што е веќе јасно е дека уставните измени мора да се случат, ние мораме да инсистираме според мене на правна разврска дали протоколот конечно е дел преговарачката рамка и дали билатерализацијата навлезе во проширувањето на Европската Унија или не, за да имаме чиста ситуација. Меѓутоа, не треба да застануваме тука, како што сум кажал преку уставни измени со развиени внатрешни гаранции за земјата мораме да се движиме напред,без да стоиме во место, изјави Трошановски.

Реклама

Дека Македонија има во раката потврди шефот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, кој од Скопје го поздрави реформскиот процес. Според Трошановски ваквите пораки ќе се потврдат и во Црна Гора.

-Во делот на реформските агенди предничиме во регионот, мислам дека тоа ќе се реафирмира таму како успех на државата. И реално имаме најамбициозна и тешка реформска агенда, мислам дека ќе се разговара исто така околу ослободување во делот на роаминг, за Европа, не само за Западен Балкан, мислам дека тука исто така имаме напредок и ќе се констатира. Може да очекуваме само охрабрување за реформите, реафирмирање на нас, дека уставните измени ќе ни го откочат патот, изјави Трошановски.

Македонските позиции во однос на моменталната ситуација се јасни и непроменети. Мицкоски повторни дека нема цена, која може да го натера да влезе во авантура, во која што нема да има извесен крај. Според премиерот, Македонија многу пати добивала ветувања во минативе две и пол декади, но сепак се уште сме вели каде што сме. Потенцира дека маратонот за влез во Унијата се победува со ум, а не со притисок и брзање.

Матеја Петровски