Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за проекти вредни 5 до 6 милијарди евра

Владата преговара за инвестиции во вредност од 5 до 6 милијарди евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата преговара за инвестиции во вредност од 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски.

Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација. И сега ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што” нагласи премиерот Мицкоски.

Мицкоски ја потенцира важноста на овие инвестиции кои изнесуваат од 35 до 40 проценти од македонскиот БДП. Помеѓу половина милијарда и една милијарда се средства кои што ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионални и експресни патишта.

Реклама

Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот, додаде тој.

Дел од проектите се оние во здравствениот сектор: Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево и реконструкција на Клиничката болница Тетово. Инвестицијата, пак во брзата пруга долж Коридорот 10 кадешто возовите треба да се движат со 160 километри на час ќе чини 2,5 милијарди евра.

Премиерот Мицкоски истакна дека по основ на овие проекти ќе се зголеми БДП, а ќе се намали јавниот долг, бидејќи се работи за капитални инвестиции кои ќе ја покренат градежната оператива и за три до четири пати ќе има обрт на финансиите.

Поради чуствителната фаза во која се наоѓаат преговорите премиерот засега не окрива детали за инвеститорите, но по посетата на Обединетите Арапски Емирати изјави дека очекува само оттаму вложувања меѓу две – три милијарда евра. Се разговарало за проекти во Охрид, ски центарот Попова Шапка, изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште и нови соларни и ветерни централи.