Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски: Во исто време се градат 4 автопати

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на пуштање на дел од патот Кичево-Охрид и динамиката на работа на другите автопати, изјави:

Што се однесува до динамиката на изградба на автопатот кој што е дел од Коридорот 8, а го поврзува Кичево со Охрид, можам да кажам дека пред 8 месеци отприлика, состојбата беше до никаде. Се работеше во 3 смени, се работеше жестоко, се работеше посветено и резултатот од таа посветена работа се овие први 17, иако делницата е 20 километри. Но оној делот кај што се скршнува накај Пресека, до тунелите, не е пуштен во употреба, бидејќи таа делница од Врбјани до Кичево е исто така во должина од 17 километри, дополнително треба да се заврши, бидејќи има 10 свлечишта коишто за жал, останале заборавени и сега се направени проекти и тие треба да се стабилизираат. Дел од петте километри од месноста кај селото Ботун исто така има 6 свлечишта, тие се можеби поголеми и попредизвикувачки. Проектите веќе се готови, очекувам во август месец да отпочне нивната реализација. За сето ова, за кое што зборувам е потребно зголемување на рамката на кредитот, бидејќи за жал тоа не било предвидено во минатото.

Премиерот Мицкоски истакна дека продолжението автопатската делница од Климештани до Охрид, очекува да се заврши до крајот на летото, а активно се работи и на останати патни правци во другите делови на државата.

Реклама

И исто така се привршува секцијата од Климештани до Охрид, тие се исто така 17-18 километри коишто очекувам до крајот на месец август да бидат пуштени во функција. Со што од вкупната делница од 57 километри, негде 34, 35 до крајот на август ќе бидат автопатско решение. Минус оние 5 кај Ботун и минус оние 17 од излезот на тунелот до Кичево, коишто очекувам да бидат завршени до крајот на 2026, почетокот на 2027, еве нека биде најдоцна првиот квартал 2027.

Исто така со силно темпо се работи изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани. Отворен е фронт, повеќе од 75% од фронтот за работа е отворен, се работи со несмалена динамика. Голем дел од активностите ќе бидат реализирани оваа година. Исто така со несмалена динамика се работи и автопатот Тетово-Гостивар, како и автопатот Прилеп-Битола, којшто очекувам дури и пред време од предвидениот план да бидат завршени.

Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и Владата на СДСМ и ДУИ, коишто ги интересираше само да исплатат аванси за да може да добијат некоја милост назад. Оваа Влада не ги интересираат авансите, туку ги интересира работа, фронт и просперитет на државата. Додека Владата на СДСМ и ДУИ крадеше, оваа Влада гради. Тоа е разликата. Нас не нѐ интересираат ниту трговски центри, ниту скапи автомобили, ниту инстант фирми за увоз на јаглен, ниту богати туристички агенции коишто купуваат евтини деловни простори во центарот на Скопје, нас нѐ интересира работа и просперитет на сите граѓани, на целата територија на Македонија“, потенцираше Мицкоски.