Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Мицкоски во Дубаи ги презентираше можностите за инвестиции во Македонија

Од средби со највисоките претставници на државно ниво, до состаноци со најголемите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од средби со највисоките претставници на државно ниво, до состаноци со најголемите енергетски, градежни и земјоделски компании во Обединетите Арапски Емирати. Македонската делегација ја искористи можноста да ги презентира условите за инвестирање во земјава пред бизнис секторот во Дубаи  и Абу Даби. Премерот Мицкоски кој го предводи владиниот тим во Емиратите информира дека имал успешни средби со директорите на Eagle Hills, приватна компанија за инвестирање и развој во недвижнини со седиште во Абу Даби, која веќе е присутна со инвестиции во Албанија, Унгарија и Србија. Меѓу бројните состаноци го издвојува и оној со развојниот холдинг Абу Даби кој од 2023 година е меѓу 10-те најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции. Владиниот тим сесретнал и со извршниот директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција. 

Посетата ја започнавме со средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати. Следните денови се сретнавме со стопанските комори од Емиратот Шарџа и Дубаи, а потоа имавме исклучително квалитетни состаноци со врвните компании овде во Обединетите Арапски Емирати, како што се Мубадала, ADQ, Масдар, Игл Хилс итн. Сето она коешто разговаравме е навистина нешто коешто ќе претставува еден голем чекор напред за македонската економија – вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Мицкоски вели дека по подолга пауза во односите со Емиратите, сега посетата ја оценува со највисока оценка на економски и политички план. Со стопанските комори на Дубаи и Шарџа било разговарано за проекти од областа на транспортот, пред сè коридорите 8 и коридорот 10 и отсечката на коридорот 10, 10-д. Биле презентирани туристичките можности на Охрид и Попова Шапка. Се зборувало и з аинвестиции во градежништвото, земјоделството и енергетиката. Како главен приоритет тоа буиле истакнати проектите, односно хидроцентралите на Река Црна, Чебрен и Галиште, како и нови соларни панели, нови ветерни турбини, ветерни паркови.

Реклама

„Кога би требало да ја оценам оваа наша посета, би ја оценил со највисока оценка, и економски и политички, бидејќи после долго време, не знам од кои причини, стопирање и пауза во односите коишто ги имаме со Обединетите Арапски Емирати, повторно воспоставуваме една ваква блиска, непосредна соработка. Се разбира би го издвоил и Меморандумот за подлабока економска соработка којшто го потпиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со неговиот хомолог, а добрите вести како резултат на овој Меморандум, ќе ги соопштам во деновите коишто следат кога ќе се вратиме назад во Македонија“ – вели Мицкоски.

Вчера Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за надворешни работи  Тимчо Муцунски се сретнаа со челниците на „Мубадала“, инвестициска компанија од Обединетите Арапски Емирати. Муцунски рече дека во наредните неколку дена Владата ќе објави една позитивна вест која ќе значи многу за граѓаните на државата, за економијата, за трговијата и туризмот. Тој смета дека посетата на Емиратите била многу продуктивна и дека ловот во потрага по арапски инвестиции ќе биде успешен.

Според Вицепремиерот Николоски, македонските извозни компании можат да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на Емиратите, за да освојат нови пазари и да ги пласираат своите производи на Истокот. Од друга страна, тамошните компании можат да ја искористат местоположбата на Македонија за да имаат полесен пристап до пазарите во Централна Европа. Владиниот тим денеска ја завршува четиридневната посета на Обединетите Арапски Емирати.