Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши со „фантастична бројка од обезбедени 60 градоначалнички мандати“.

– На тоа ќе ја додадеме и бројката победи во 59 општини во советите. Тоа е резултат што не обврзува, но и мотивира да работиме уште попосветено и посилно, иако како Влада изминатите 16 месеци навистина премногу интензивно се вложивме за да докажеме дека може поинаку…Ние чуда ниту ветуваме ниту чуда се возможни, туку веруваме дека скромно и посветено, чесно успеавме да обезбедиме историска победа на овие Локални избори, рече Мицкоски.

Тој истакна дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Златко Сиљаноски, како иден градоначалник на Дебрца ќе ја има целосната поддршка на централната власт, се во насока на подобрување на животот на граѓаните на општината.

Реклама

– Мислам дека овие избори покажаа јасна разлика која политичка опција граѓаните ја поддржуваат…Кога на резултатот на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се додадат и резултатите на останатите владини коалициски партнери во кои огромна заслуга има ВМРО-ДПМНЕ, тогаш доаѓаме до бројка од фантастични над 70 градоначалници, нешто што досега не го памети независна Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги повика и граѓаните кои гласале за СДСМ во првиот круг, во вториот круг да излезат и да го дадат за Златко Сиљаноски и на тој начин да го делигитимираат актуелното раководство на СДСМ.

Кандидатот за градоначалник Златко Сиљаноски во обраќањето пред гласачите рече дека нуди реална, проверена програма што во целост ќе биде испочитувана, во интерес на секој граѓанин на Дебрца, за секое населено место во општината.

– Наша цел е да го подобриме животниот стандард на сите граѓани без какви било поделби. Тоа е нашето мото на кое ќе бидеме целосно посветени. Заедно со советничката листа, со помошта на централната власт остануваме посветени да ја направиме Општина Дебрца прекрасно место за живеење на сите граѓани, рече тој.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Златко Сиљаноски,  во првиот круг од Локалните избори одржан на 19 октомври освои 1.212 гласа или 48,1 отсто од граѓаните кои излегоа на гласање, пред се уште актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, чија кандидатура ја поддржаа 663 лица или 26,31 отсто од гласачите.

ВМРО-ДПМНЕ победи на листата за Советот на општината со освоени шест од деветте места во раководното тело на општината.