Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората

Ако навреме се фатиме за работа не гледам причина зошто на следните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако навреме се фатиме за работа не гледам причина зошто на следните парламентарни избори да не одиме со една изборна единица – премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговата партија ќе поддржи вакви законски измени, со можност за гласање и на македонската дијаспора онаму каде уставот и законите  на државите го дозволуваат тоа. Тој нагласи дека нема политичка дебата или иницирана агенда за постигнување консензус околу ова прашање, но дека доколку се направат потребните подготовки во дипломатско-конзуларните претставништва, промените може да се применат до следните парламентарни избори.

„Да го видам законот. Јас еве и во парламентот дадов предлог да имаме една изборна единица со можност да гласа и дијаспората онаму каде што законите и Уставот на државите дозволуваат тоа да биде и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Јас тоа го кажав. Онаму каде што не дозволува во рамки на дипломатско-конзуларните претставништва, се сеќавам беше и тема на партиски дијалог пред неколку години, но за жал не се успеа тогаш да се направи поради тоа што не бевме подготвени. Но принципиелно, пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржиме една изборна единица во којашто право да гласа ќе има и дијаспората“, рече Мицкоски.

Оваа реторика на власта доаѓа по критиките на опозицискиот Европски фронт дека со измените на Законот за локална самоуправа и тоа што бројот на советници се определува според резидентното население, се игнорира дијаспората. Премиерот Мицкоски рече дека целта на тој закон е сосема поинаква – да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се избираат градоначалници, советници, а не е целта дали имаме резиденти или нерезиденти.

Реклама

Еве јас сум подготвен одма, ги гледам пратениците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ да го подржиме тој закон каде што ќе имаме една изборна единица. И да не филозофираме зошто олку или толку советници, еве одма да го отвориме оваа прашање и да го затвориме. Да имаме една изборна единица, и во таа една изборна единица да се гласа вклучително да бидат вклучени и гласовите од дијаспората и тоа не само во ДКП, туку насекаде онаму каде што дозволува законот на таа држава да се гласа надвор од ДКП. Веднаш сум подготвен да го подржам тој закон и ви давам збор дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи, рече Мицкоски на 29ти мај.

Во меѓувреме, Либерално-демократската партија (ЛДП) и Демократскиот сојуз денеска официјално поднесоа предлог-закон за промена на изборниот модел, со што повторно предлага една изборна единица со отворени листи и поголемо вклучување на граѓанскиот сектор.Претходните два предлога на ЛДП беа одбиени, но партијата изразува надеж дека овој пат ќе добијат поширока поддршка во парламентот.

Досега се зборуваше за три измени на Изборниот законик. Едната беше да има отворени листи. Втората измена беше воведување една изборна единица – со тоа најмногу ќе добијат малите партии. И третата беше една изборна единица и гласање на дијаспората.