Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари

Триесетина проекти со вредност поголема од една милијарда денари во областа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесетина проекти со вредност поголема од една милијарда денари во областа на образованието инвестира Владата преку Министерството заобразование и наука за изградба на нови училишта и спортски училишни сали, реновирање училишта, студентски домови, со цел подобри услови за работа на наставно-образовниот кадар и подобри услови за учење на учениците и студентите. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосно реконструираните шест операциони сали на хируршките клиники во Клиничките центар „Мајка Тереза“ за планот за најавените вложувања во образовна инфраструктура. 

– Би сакал да кажам дека, исто така кога станува збор за здравството, имаме синергија и со образованието. Во тек е процесот, односно нашето барање како Влада до меѓународни финансиски институции кои би се вклучиле во процесот на финансирање на проектот за конечно завршување на Клиничкиот центар, односно Клиничката болница во Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом таму. Завршување на проектот за здравствен дом со проширена дејност во Кичево, односно болницата таму. И, нормално, реконструкција на Клиничката болница во Тетово – рече Мицкоски. 

Очекува дека процесот ќе биде привршен овој месец и ќе може да влезе и во следната фаза. 

Реклама

– Така што, реновирањето и изградбата на сите овие проекти ќе бидат навистина нешто што досега е невидено во Македонија – нагласи Мицкоски.