Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

-Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора да имаме јасни гаранции од Европскиот совет, во форма на заклучоци, дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се неприкосновени и дека кога Македонија ќе стане дел од ЕУ, македонскиот јазик ќе биде официјален. Исто така, процесот мора да се води врз основа на копенхагенските критериуми, без нови билатерални прашања, нагласи Мицкоски.

Вториот услов, според него, е исполнување на обврските од источниот сосед.

Реклама

-Ако ние испорачуваме капитулации од претходни политичари, тогаш барем една работа треба да се исполни – регистрација на невладини организации, како ОМО Илинден Пирин, согласно 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права, рече премиерот.

Тој додаде дека нема да прифати процес без извесност за успешен крај.

-Граѓаните се фрустрирани, многу сме дале за интеграцијата – име, знаме, банкноти, неколку промени на Уставот. Секогаш кога ќе се исполни условот, доаѓа нов. Не можам повеќе да се изложам на такво нешто, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека имало иницијативи од влијателни земји членки на ЕУ за билатерални разговори, но тие биле неуспешни.

-Имаше иницијативи од многу влијателни земји членки на Европската Унија, па и многу влијателни политичари во Брисел, да се договори состанок на којшто на билатерално ниво ќе се разговара помеѓу министрите, еве да речеме за надворешни работи. Тие иницијативи, замислете, беа неуспешни. Од другата страна немаше никаков одговор, истакна Мицкоски.

Според него, ако не може еден таков состанок да се закаже, ако не може на тој состанок да се донесат официјалните лица од соседна Софија, тогаш за какви гаранции ќе се зборува дека ова ќе е последна.

-Други пак велат: „Дали сте се обиделе вие да разговарате на билатерално ниво со официјална Софија. Во ред, луѓе, ајде да расчистиме. Дали е ова билатерален проблем или, како што велите, проблем помеѓу нас – Скопје, Софија и Брисел. Ајде да видиме дали е мултилатерален или билатерален. Ако е билатерален, тогаш ние сме во право. Станува збор за процес на билатерализација, а не копенхагенски критериуми. Ако е така, да знаеме, нагласи премиерот.