Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Мицкоски: Владата има план- за 60% ќе биде намалено загадувањето

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција го откри планот за намалување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција го откри планот за намалување на загадениот воздух, кој деновите е алармантен особено во Скопје.

Мицкоски рече дека Владата има план како ќе го намали загадување, но истакна дека не може веднаш да се очекуваат резултати, туку ќе треба да поминат 3-4 години.

-Шокира порака од опозицијата за загадениот воздух, затоа што седум години камен на камен не ставија, ако работеа можеби сега ќе беше поинаку. Но, ние работиме интензивно. Најголемиот фактор за загадување е тоа што системот на кој се затоплуваат домовите користи дрва и се останато: масло, паркет, стари плакари и слично. Тоа е од прилика 60% од причините зошто имаме загадување, и тоа не се решава преку ноќ, ќе треба време. Затоа што ништо не е направено, ние сме во потрага на партнери во однос на пазарни услови, кои заеднички ќе вложат во систем на затоплување на нашите домови кој ќе биде на резултат на согорување на природен гас. Имаме во план неколку да направиме и на тој начин цениме дека за 60% ќе биде намалено загадувањето и почнуваме да го развиваме. И да предупредам, не може да очекуваме дека денеска или следната недела ќе биде исчистен воздухот, можеби за 3-4 години од денес. Тоа не е нешто што се решава веднаш и сега. Не постои магија што може тоа да го направи, кажа Мицкоски.