Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Уште првиот ден ги засукавме ракавите и започнуваме од под темелите, тоа Ѓорѓиевски го прави исклучително квалитетно

Ние се доведовме во ситуација во 21-ви век да зборуваме за елементарни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние се доведовме во ситуација во 21-ви век да зборуваме за елементарни работи. И навистина сето тоа делува помалку и комично, вели премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Но кога некои работи треба да се направат, мора да се направат. Како што кажа градоначалникот за време на кампањата, тој вчера  во рекордно време успеа да ги мобилизира сите капацитети. Им благодарам на општествено-одговорните компании кои се вклучија во акцијата. Вчера беше навистина сето тоа убаво и една ваква робусна акција. Денеска можевме да видиме дека контејнерите се празни, чисти, дека немаме прелевање, како што беше случај, рече тој.

Мицкоски оцени дека ова беше политичка стратегија на опозицијата.

Реклама

-Преку неработењето на претходната градоначалничка се нанесе штета пред се на Владата и државата и морам да признаам дека во одредена мера успеа со сето тоа. Но ние таа лекција ја научивме и затоа уште првиот ден ги засукавме ракавите и започнуваме од темелите или од под темелите. Така беше и во Владата кога дојдовме, така е и во градот. Мора да почнеме од под темелите па да дојдеме до површината, па потоа да градиме нагоре. Тоа новиот градоначалник го прави исклучително квалитетно уште од самиот почеток. Немате втора шанса за прв впечаток. Тука новиот градоначалник тоа ќе го оправда, рече Мицкоски.