Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Мицкоски: Тутунски комбинат АД Прилеп извезува на 9 пазари, очекувам во следниот период зголемување на производството

Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на раководството на Тутунски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на раководството на Тутунски комбинат АД Прилеп овде на пречекот. Слушнавте и самите од тука се извезува на 9 пазари. Да се заблагодарам на пратениците од Прилеп коишто доаѓаат во македонското Собрание, коишто се борат секогаш и приоритет им се тутунопроизводителите од овој регион, Министерството за земјоделие, на министерот се разбира којшто е исто така врвен приоритет му се тутунопроизводителите како и впрочем сите земјоделци.

Ова го истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски по денешната посета на Тутунски комбинат АД Прилеп.

Очекувам овој период на консолидирање на тутунскиот комбинат Прилеп да е веќе позади нас. Состојбата од тоа што можев да видам е консолидирана и очекувам во годините коишто следат повеќе внимание да посветиме на развојот, на нови инвестиции, на зголемување на производството зошто да не овие 9 пазари да не бидат 18 пазари за некоја година од денеска. Тоа е она на коешто сите ние треба заедно да работиме и тоа е она за коешто оваа Влада ќе даде безусловна поддршка и очекувам овие услови да бидат дел од нашата заедничка соработка и во иднина.

Реклама

Многу е направено и многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана ајде сега сите заедно да работиме на развојот, тоа е она што е наш приоритет.

Така што тука ќе завршам бидејќи се што имаше да се каже кажаа претходните говорници, јас не би сакал да се повторувам.