Реклама

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Македонија

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината – им го должиме тоа на жртвите

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, нагласи дека покрај грижата за повредените и поддршката за семејствата, трагедијата во Кочани отвори и едно друго, подеднакво важно прашање – прашањето за одговорноста, истакнувајќи дека во едно демократско општество, трагедиите не смеат да останат без одговори и оти општеството има право да ја знае вистината. 

– Семејствата имаат право да знаат како се случила трагедијата. А институциите имаат должност да обезбедат правда. Токму затоа, веднаш по трагедијата започна процес на институционално утврдување на фактите и на одговорноста. Овој процес мора да биде темелен, професионален и ослободен од било каков притисок. Во прашање се човечки животи, а во такви ситуации институциите мора да работат со највисоко ниво на сериозност и интегритет. Правдата не е прашање на политика. Таа е прашање на доверба во институциите. Кога трагедија од ваков размер ќе се случи, државата има обврска да покаже дека системот функционира, дека пропустите се утврдуваат и дека одговорноста се презема, посочи Мицкоски.

Но, одговорноста, додаде премиерот, има и поширока димензија и дека трагедиите често откриваат слабости во системите.

Реклама

– Тие покажуваат каде институциите мора да се подобрат, каде процедурите мора да се зајакнат и каде безбедносните стандарди мора да се подигнат на повисоко ниво. Затоа, покрај правните постапки, трагедијата во Кочани отвори и процес на институционално преиспитување. Државата има обврска да ја бара вистината и да ја обезбеди правдата. Тоа го должиме на жртвите. Тоа го должиме на нивните семејства. Но, тоа го должиме и на идните генерации. Затоа институциите ќе продолжат да работат на целосно утврдување на сите околности поврзани со трагедијата, со цел правдата да биде постигната, а довербата во институциите да биде зајакната. Само преку вистина, одговорност и институционално учење, едно општество може да стане посилно по трагедија, потенцира премиерот.

Мицкоски кажа дека една трагедија никогаш не завршува со денот кога се случила.

– За семејствата, таа продолжува секој ден. Таа продолжува во празните столови на трпезата. Во тишината на домот. Во секое утро кога човек се буди со споменот на најтешката загуба. Затоа, од првиот ден, Владата донесе јасна одлука: државата нема да биде присутна само во моментот на трагедијата. Државата ќе биде присутна и во годините што следуваат. И затоа сакам денес јасно да кажам: државата ќе продолжи да стои покрај овие семејства. Затоа што зад секоја институционална одлука стои едно едноставно убедување: човечкото достоинство мора да биде центарот на секоја јавна политика, посочи премиерот на Конференцијата што се одржува денеска во Скопје.

На конференцијата учествуваат високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од регионот и Европа. Конференцијата завршува со презентација на министерот за здравство Азир Алиу за националните решенија, доделување благодарници на здравствените установи и официјално обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.