Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Мицкоски: Со реконструкција на булеварот Теодосија Паунов во Кочани граѓаните ќе добијат модерна сообраќајна артерија

Со инвестиција од 88.874.397 денари, финансирана преку Министерството за транспорт, во општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со инвестиција од 88.874.397 денари, финансирана преку Министерството за транспорт, во општина Кочани ќе се реконструира булеварот Теодосија Паунов. Опфатен е делот од потегот од спојот со улицата Киро Кикенски до спојот со улицата Генерал Апостолски, односно последниот кружен тек. Вкупната должина на булеварот е 2.015 метри.

– Со имплементацијата на овој проект граѓаните на Кочани ќе добијат модерна сообраќајна артерија, која ќе ги зголеми безбедноста и комфорот во сообраќајот, ќе го подигне капацитетот на булеварот и ќе овозможи подобра сообраќајна сигнализација. Пешаците ќе добијат посигурни услови за движење, а деловните и комерцијалните активности ќе бидат поттикнати со новиот урбан изглед. Дополнително, со подобрувањето на инфраструктурата ќе се овозможи повеќе простор за социјални и рекреативни активности, а долгорочната издржливост на булеварот ќе ги намали трошоците за одржување и ќе овозможи средствата на Општината да се насочат кон други јавни потреби. Реконструкцијата ќе придонесе за економски развој на локалната заедница – објави премиерот Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“.

Предвидените активности опфаќаат изградба на тротоари со бекатон-плочки, асфалтирање во два слоја, систем за одводнување и изградба на потпорни ѕидови. Во моментот проектот е во работна фаза, а реализацијата, како што објави премиерот, се одвива во согласност со предвидената динамика.

Реклама

Видеото може да го погледнете на следниот линк: