Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Мицкоски со порака: Никој да не се обидува да игра на политиканство и етничка основа, немам милост и секој ќе одговара

„Дојдовме до информација дека за 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Дојдовме до информација дека за 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а вие сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата. Само 12 поседуваат лиценца, и тоа од тие не знаеме колку се се уште валидни бидејќи претпоставувам на некои рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од 1 година.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали има информации колку вакви лиценци има во државата.

Мицкоски нагласи дека нема да има милост и го нарече настанот во Кочани масовно убиство, за кое што рече некој дозволил да се случи за пари и корупција.

„Не очекува многу работа. Очигледно дека некој не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја затскрие криминалната работа која што ја правел изминатите години додека раководел со таа институција.Нема да има милост. Кој сака нека биде, од каква сака нека биде етничка припадност и од која сака нека биде политичка партија. 

Реклама

Тоа што се случувало е повеќе од криминал, ова е би рекол масовно убиство кое што некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција да се случи.“, рече тој.

Мицкоски порача никој да не се обидува да игра на етничка карта, туку дека секој што се огрешил ќе одговара.

„Да им одговорам на оние што прават полноќни прес- конференции, тука нема политика, ќе одговарате сите коишто сте се дрзнале на овој начин да водите политика, на грбот на граѓаните и на животите коишто овие деца ги изгубија. И нема да има милост, од дома ќе ги вадиме. 

Ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство како што вчера се обидоа, со тие полноќни прес конференции. Од дома, за уши ќе ги вадиме. Ова треба да го знаат.“, дециден е Мицкоски.