Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Мицкоски: Со овој обвинител не може да се очекуваат резултати во борбата против криминалот

Проневерени милиони евра, народни пари од државни институции, министерства, јавни претпријатија од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проневерени милиони евра, народни пари од државни институции, министерства, јавни претпријатија од страна на поранешни функционери. Државните ревизори со месеци алармираат за сериозни злоупотреби на парите на граѓаните во 2023 година кои наместо за подобрување на здравството, образованието или инфраструктурата, завршуваат праку сомнителни тендери, во нечии џебови. И покрај алармантните извешати на ревозорите обвинителство молчи. Премиерот Христијан Мицкоски предурпедува дека додека републички обвинител е Љупчо Коцевски, борбата пторив корупцијата и криминалот ќе тапка во место. Според неговите сознанија, имало стотици пријави доставени од институциите до Обвинителството, но нема никаков резултат.

„Не можете со ова Обвинителство, со овој обвинител да очекувате резултати во борбата против корупцијата и криминалот. Јас можам да ви набројам можеби 100, 200 пријави кои од страна на институциите се доставени до Обвинителството, а таму нема никаков резултат. Иснтитуциите пријавуваат, но залудно е со овие обвинители. Со овој обвинител тешко“, изјави Мицкоски прашан дали нешто се презема околу недоследностите кои секојдневно се нотираат во извештаите на Државниот завод за ревизија за функционирањето на јавните институции.

Последниот скандал во низата, за кој предупреди Ревизија, е во Национални шуми. Шумари работеле како административци иако биле вработени на позицијата сечачи, дотурачи, редачи и шумски работници. 73 отсто, односно над 250 лица наместо да одат на терен, си седеле во канцеларии. Извештајот покажа дека ЈП „Национални шуми“ е во незавидна финансиска положба – должело 17,5 милиони евра и мора да зема кредити за да исплаќа плати

Реклама

Сомнителни тендери и злоупотреби на државни пари веројатно имало и со доуредувањето на спортскиот центар Борис Трајковски кога Македонија беше домаќин на Самитот на ОБСЕ во 2023 година.  Министерството за надворешни работи, под водство на Бујар Османи, тогаш потрошило над 120 милиони денари, а не се знае што точно било изведено и инсталирано, и дали купената опрема, останала во сопственот на спортскиот центар.

На крајот на минатиот месец, предупредувања имаше и за работата на Фондот за здравство. Државниот завод за ревизија, констатираше низа системски слабости, пропусти и непродуктивно трошење на парите на граѓаните.