Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски со нови мерки против бирократијата: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

„За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции. Направивме распределба на земјоделско земјиште. Имаме раст на извозот во првиот квартал од 5%. Вкупно се вклучени 2.109 договори на околу 6 илјади хектари. Беше распишан Јавен повик кој се однесува на Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ каде се доставени 254 апликации, истакна премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

Мицкоски продолжи и додаде:

„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.

Реклама

Мицкоски истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.

„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова се темелите кои ги поставуваме.

„Ова се темелите што ги поставуваме. Не ветуваме дека ќе биде лесно. Но ветуваме дека ќе биде чесно и нема да биде срамно. Ќе биде наше. Ќе биде вистинско. И најважно, ќе биде за тебе“, заклучи Мицкоски.