Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДСM и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите, со што го контаминираа правосудството

Луѓето во  правосудството генерално се чесни луѓе. Има еден мал дел, којшто е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓето во  правосудството генерално се чесни луѓе. Има еден мал дел, којшто е контаминиран и којшто за жал го контаминира целиот систем. Тоа се најчесто партиски послушници, коишто се рецидив на поранешната влада на СДСМ и ДУИ и коишто жестоко се борат за тие коишто ги поддржале да добијат некаква бенефиција, позиција итн, изјави синоќа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Во интервју Мицкоски зборуваше за правосудството за што истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што, како што вели тој, е најголемиот проблем, затоа што создале правна основа за сопствена амнестија.

Според него, постојат два клучни моменти кои што влијаеле на распадот на правдата, од кои првиот е изборот на судиите во Парламентот, во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, а вториот се измените во Кривичниот законик што ги донесе владата на СДСМ и ДУИ.

Реклама

– Првото е оној избор на судии во Парламентот, кога се бираа судиите во Парламентот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, мислам дека беше во 1996 година. И второто е сега, кога владата на СДСМ и ДУИ пред одење практично ги донесе измените во Кривичниот законик и кога избриша еден добар дел од членот 353, тој фамозен член 353, поради две причини, рече Мицкоски. 

Првата, како што додаде, „е за да се амнестираат себеси и втората причина е, мислеа дека на тој начин ќе амнестираат некого, којшто ќе може во тоа време да нанесе штета на тогаш најсилната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ“.

– Успеаја во првиот дел од својата намера, во вториот дел не успеаја. ВМРО-ДПМНЕ денес е поголема од сите политички партии заедно, истакна Мицкоски. 

Според него, сите оние од претходната влада на СДСМ и ДУИ секогаш ќе се повикуваат на поповолниот закон.

– Тие секогаш ќе се повикуваат на поповолниот за нив закон, а за нив поповолен закон е овој моменталниот, кога е избришан членот 353 став 5 кога други делови од Кривичниот законик се избришани. Секогаш ќе се повикуваат на тоа, без разлика ние од сега натаму каков закон ќе донесеме и од сега натаму какви измени ќе направиме. Сите оние од претходната влада кога ќе дојдат на судско рочиште ќе речат – се повикувам јас на законот што беше од тогаш до тогаш, бидејќи тоа е во тоа време. И тука е најголемиот проблем, посочи Мицкоски.