Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски: Се воспоставува нов принцип – спортскиот успех мора да се вреднува во текот на целиот живот

На свечена церемонија што која се одржа во Владата на Македонија, премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На свечена церемонија што која се одржа во Владата на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски се обрати пред присутните по повод доделување Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во спортот.

-Денеска не зборуваме само за спорт денеска зборуваме за пожртвуваност, за истрајност, за достоинство, за љубов кон татковината. Денес овде ја исправуваме државава пред нејзините најгорди амбасадори – спортистите, што со години наназад ја носеа во срцето и на грбот и на терените, арените и подиумот ширум светот. Доделувањето на Национално признание за врвни достигнувања во спортот е повеќе од формалност, тоа е чин на длабока, искрена и заслужена почит. Признавање на животен подвиг на луѓе кои не барале ништо, а дале се во својата кариера, луѓе што ги претворија соништата во резултати, а резултатите во национална гордост, изјави прениерот Мицкоски.

-Со оваа одлука државава воспоставува нов принцип дека врвниот спортски успех мора да се вреднува, не само во моменти на еуфорија туку и во текокот на цел живот, токму овие признанија се доживотни, изјави премиерот Мицкоски на доделувањето на Национално признание за врвни достигнувања во спортот.

Реклама

На листата на одликувани се фудбалските легенди Горан Пандев, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кошаркарите Петар Наумоски и Перо Антиќ, ракометарите што ја донесоа машката Лига на шампиони во Скопје со Вардар – Стојанче Стоилов, Петар Ангелов, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Владо Недановски и Мартин Поповски, како и „златните девојки“ од Кометал Ѓорче Петров – Елена Ѓоргиевска, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева – кои пред 23 години ја освоија женската Лига на шампиони.

Во име на наградените, со благодарност до Владата и Министерството за спорт се обратија Горан Пандев, Петар Наумоски и Гордана Нацева, изразувајќи чест и задоволство што нивната кариера е препознаена со ваков вид признание.

– Со оваа одлука, државата воспоставува нов принцип – врвниот спортски успех мора да се вреднува, не само во моменти на еуфорија туку и низ целиот живот. Овие признанија се доживотни – потенцираше премиерот Мицкоски.

Според последните измени во Законот за спорт, ова признание се доделува на македонски државјани кои имаат освоено златен медал или прво место на официјално европско или светско сениорско клупско првенство во екипни олимписки спортови, како и на оние што поставиле европски или светски рекорди на официјални меѓународни натпревари.

Ова признание претставува симбол на државната почит кон спортисти кои постигнале врвни резултати, особено оние чии достигнувања досега не беа институционално вреднувани.