Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Росоман има градоначалник кој не ја заслужува довербата на граѓаните, да ги оставиме во минатото рецидивите на седумгодишната власт на СДСМ која ја ограбуваше и понижуваше Македонија 

На денешниот настан во општина Росоман под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек!…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан во општина Росоман под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат следната недела на 2 ноември, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски на самиот почеток објасни дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите претходни влади, и тоа по обезбедувањето на финансиски средства за проекти за сите општини подеднакво, независно од која политичка гарнитура доаѓаат градоначалниците.

„Ние потпишавме договори и обезбедивме финансирање на проекти во вкупна вредност од половина милијарда евра, нешто што досега не е запаметено во независна Македонија, тоа никогаш не го направила ниту една влада во четири години, што ВМРО-ДПМНЕ и оваа Коалиција го направија за 16 месеци. Притоа бевме свесни и не се однесувавме како што се однесуваше претходната влада на СДСМ и ДУИ да бидеме негативни, и да ги казнуваме граѓаните  во општините во коишто градоначалникот е од опозицијата напротив, ние сакавме и сакаме и во иднина така ќе се однесуваме како Влада на сите граѓани, без разлика дали во тие општини градоначалникот е од опозицијата или е од Владата“, рече Мицкоски.

Реклама

Претседателот Мицкоски исто така истакна дека Росоман има градоначалник кој не ја заслужува довербата на граѓаните, и дека треба да се остават во минатото луѓето кои освен ограбување на сопствениот народ, понижување и национално распродавање на Македонија, ништо друго не покажале.

„Но, овде во Росоман имаме градоначалник којшто апсолутно не ја заслужува довербата на граѓаните. Да ги оставиме овие рецидиви на минатото, да ги оставиме на онаа седумгодишна власт којашто ја ограбуваше Македонија, ја понижуваше во минатото. Да излеземе масовно на 2 Ноември и да го дадеме својот глас за бројот 9 и за Ѓорѓи. Втората опција е за излезете и да го дадете својот глас за коалицијата којашто имаше можност седум години да направи нешто за Македонија, како што велат, тие да се борат за својот дом, но освен борба за нивните џебови и ограбување на народот и понижување и национално распродавање на Македонија, ние ништо друго не видовме“, посочи Мицкоски.