Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Мицкоски: Реализирани се 11 проекти во Клиниката за детски болести во делот на инфраструктурата и набавка на модерна медицинска апаратура

Најпрвин ќе ми дозволите да му честитам на директорот, на медицинскиот персонал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најпрвин ќе ми дозволите да му честитам на директорот, на медицинскиот персонал на оваа клиника, на директорот на Фондот за здравство, на сите оние коишто изминативе месеци допринесоа да се случат овие 11 чекори, за коишто претходно директорот нè запозна. И во една неформална дискусија разговаравме и си кажавме дека некогаш треба работите за малку пари да ги движиме, за да изгледаат добро. А некогаш не се ни потребни пари за да земете и го изметите дворот и да ја подобрите хигиената, тоа и не чини милиони, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Ова што е направено навистина заслужува пофалби и јас можам само уште една да изразам моја огромна благодарност за тоа што се грижат за овој објект, бидејќи овој објект треба да се грижи за здравјето на нашите најмлади, а тоа се дечињата.

Од друга страна знам дека министерот влегува многу амбициозно во целата оваа работа и убеден сум дека голем дел од проектите кои што стоеја, ќе бидат задвижени. Но, бидејќи ние веќе имаме неколку средби и разговараме за иднината, убеден сум дека ќе има многу убави и пријатни изненадувања за граѓаните, за вработените во Клиничкиот центар и оние пациенти кои што ги користат услугите на Клиничкиот центар тука но, и генерално за здравството низ цела Македонија“, додаде во изјавата.

Реклама

Доаѓа време кое што ќе биде многу подобро, би рекол, најдобро за граѓаните, изјави Мицкоски.