Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Мицкоски: Растот од 3% во третиот квартал е еден од најголемите во регионот и Европа

Резултати поголеми од очекувањата. Економскиот раст во третиот квартал достигна 3%. Премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резултати поголеми од очекувањата. Економскиот раст во третиот квартал достигна 3%. Премиерот Мицкоски е задоволен од постигнатото во услови на сложени економски и геополитички прилики и слаби перформанси во првиот квартал за време на техничката влада. Тој посочи дека остварениот раст е еден од најголемите во Европа и на Балканот. Повисоки стапки на раст Мицкоски очекува во последниот квартал, кога се регистрирани и поголеми приливи по основ на даноци, придонеси и  царини. Годината според него може да заврши во позитива од 3%. За потсетување, владата во ребалансот напиша дека очекува пораст од 2.1, а Светска Банка 1,8% зголемување на економските активности.

Премиерот очекува забрзаните економски активности да продолжат и во 2025-та година. Развојот треба, според него, да го покрене инвестицискиот циклус од околу 800 милиони евра, кој се темели на кредитите за фирмите и капиталните инвестиции на општините во вкупна вредност од 500 милиони евра, пари обезбедени од заемот од Унгарија.

Во 2025-та година, ќе има и забрзана изградба на Коридорите 8 и 10, како и рекордно ниво на капитални инвестиции од над 800 милиони евра. Буџетот з адогодина ќе с еразгледува на Пленарна седница во Собранието следната недела. Министерката за финансии Димитриеска- Кочоска го креираше буџетот од 6 и пол милијарди евра врз основа на проекции за  економски раст од 3,7% следната година.