Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Мицкоски рамо до рамо cо Трамп – премиерот ќе има обраќање на Конференцијата на конзервативците во Вашингтон

Големи и значајни собири, моќни и историски обраќања, средби со влијателни личности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големи и значајни собири, моќни и историски обраќања, средби со влијателни личности – Христијан Мицкоски ја позиционира Македонија на глобалната политичка сцена. На третиот ден од официјалната посета на Вашингтон, македонскиот премиер ќе говори на престижната Конференција  за политичко дејствување на конзервативците. Конференцијата, како што е наведено на официјалната веб-страницата е „најголемиот и највлијателниот собир на конзервативците во светот“ од 1974 година.

Покрај Мицкоски, говорнци на Конференцијата на конзервативна политичка акција се и американскиот претседател Доналд Трамп, потретседателот Џеј Ди Венс и други значајни личности од американскиот и европскиот политички врв, меѓу кои и премиерот на Словачка, поранешната премиерка на Велика Британија, поранешниот премиер на Полска, како и лидерот на десницата во Франција, која ја водеше Ле Пен.

Претходно премиерот учествуваше и на настан организиран од Атланскиот совет,  посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан. Мицкоски без задршка зборуваше за отстапкити кои ги направи Македонија, но и за фрустрацијата кај јавноста поради новите условувања од Бугарија.

Реклама

„Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно големи. Во време кога бевме опозиција во 2018-та многу луѓе од целиот свет не посетија. Не посетија високи функционери на ЕУ, премиери од многу моќни НАТО земји, претседатели, членови на Европската Комисија, не посетуваа и велеа само сменете го името овој пат и веднаш и ќе станете членка на НАТО, ќе почнете преговори со ЕУ и ќе ги завршите во период од четири – пет години и ќе станете дел од ЕУ. Тие четири – пет години поминаа пред две години и ние сме во иста ситуација како пред 20 години, но во меѓувреме го променивме знамето, валутата, името, променивме сè“ вели Христијан Мицкоски, премиер

Премиерот истакна дека сега пред нас е ново барање за промена на Уставот и тоа не гарантира извесност не евроинтегративниот пат. Директно порача – прво завршени преговори, па уставни измени.

Премиерот во изминатите два дена се сретна и со влијателни личности. Оствари средба со претседателот на Атланскиот совет, Фредрик Кемпе на која се разговарало за улогата на Македонија во евроатланските интеграции.  Една од средбите беше и со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар на САД за Западен Балкан,  со кој зборувале за иднината на Македонија.

За само еден месец втор пат Мицкоски патува за Вашингтон,а  вкупно  има три посети за помалку од една година. Честите посети на премиерот во САД се доказ за добрите билатералните односи помеѓу Скопје и Вашингтон, но и за блискоста на новата влада со новата администрација на претседателот Трамп.

Давид Крстевски