Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на ТВ Алфа говорејќи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на ТВ Алфа говорејќи за работењето на Владата истакна дека се дава максимумот иако, како што рече, кај одредени поединци има дилема, ги опоменува и доколку не се коригираат ќе бидат сменети.

„Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се будам и заспивам со таа една мисла, дали даваме се од себе, дали сите даваат се од себе. Кај поединци имам дилема, имам задршка. И кај тие што имам дилема и задршка ги опоменувам дека имам чувство дека можат повеќе да дадат“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека оваа генерација нема повеќе простор за реприза и за да се дојде до состојбата на консолидирање мора офанзивно да се работи и да се испорачува.

Реклама

„Ние немаме право на реприза. Едноставно нема повеќе простор. Оваа генерација нема повеќе простор за импровизации и за репризи. Мора офанзивно и мора да се испорачува и мора да се даде повеќе од што можеме за да дојдеме до состојба на консолидирање. Ако е природно да се работи 5 дена во неделата по 8 часа, сега ќе се работи 7 дена во неделата по 12, 13, 14 часа. Тоа е начинот на којшто мора да функционира оваа влада. И тогаш кога народот ќе види дека вие го оставате срцето на терен, тогаш ќе ви прости се, ќе рече се трудат, секоја чест. Ако видат дека вие се поднесувате надмено, не одговарате на пораки кога ќе ви пратат, колку и тие пораки да ве отпретуваат, колку и тие пораки за вас се бесмислени, ако вие не им вратите, не посветите внимание, не се поздравите, не стегнете рака на улица, тоа нема да ви го простат никогаш“, нагласи Мицкоски.

Запрашан за тоа дали има задршки за некои конкретни имиња во контекст на најавената реконструкција Мицкоски одговори:

„Имам да, точно и како што кажав тоа сум го кажувал лично. Не зборувам само во рамките на Владата туку и во рамките на институциите коишто се дел од Владата, затоа што мислам дека поединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваат.“