Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

🎥 Мицкоски: Продолжуваме со реализација на ветеното, сега е време кога се гради

Потрошувачка кошничка за самец, за брачен пар, пензионери, тричлено и четиричлено семејство.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потрошувачка кошничка за самец, за брачен пар, пензионери, тричлено и четиричлено семејство. Премиерот Мицкоски предлага да се прави различна пресметка за да се видат различните потреби на граѓаните. Моделот на петте потрошувачки кошнички Мицкоски ќе го презентира на следниот ЕСС кој треба да се одржи наскоро бидејќи веќе е утврдена репрезентативноста на синдикатите . Намерата на Владата да прави државна потрошувачка кошничка беше искажана во неколку наврати. Целта е да се коистат податоци од државниот пазарен инспекторат и од државна статистика што ќе помогне за креирање на мерки за заштита на животниот стандард. Засега кошничката ја пресметува ССМ а истата покажа зголемување од 630 денари во однос на минатиот месец….

Во однос на економските параметри премиерот изразува задоволство за тоа што се покажува реален раст во одредени сектори. Забележан е раст на извозот на земјоделските производи за привте пет месеци за скоро 70 отсто во споредба со лани што е охрабрувачки податок.  Мицкоски најавува дека Владата ќе продолжи да ги поддржува земјоделците но фокусот ќе биде на оние кои вистински произведуваат.

Нашиот фокус како Влада е да ги помагаме земјоделците, тие да произведуваат за да може и да извезуваат, но и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани. Така ќе продолжиме и во иднина, со тоа што планираме тој систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние коишто вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат на грбот на земјоделците да профитираат. Така функциониравме и до сега, така ќе продолжиме да функционираме и понатаму , рече Мицкоски.

Реклама

Забележан е и раст на прометот во индустријата кој оди и до 20 отсто. Според премиерот позитивно е тоа што во услови на неизвесност на европскиот пазар особено во автомобилската индустрија расте извозот што всушност е главниот параметар кој го зголемува прометот во индустријата.