Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарското…

Сподели:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелацијата на Судскиот совет и барањето за оставка на Љупчо Коцевски, истакна дека во судството не треба да има партиски луѓе.

„Последниот браник и цврст штит на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и обвинителите, меѓу кои е и лицето за кое вие сега зборувате. Најголемиот дел, би рекол 95% од обвинителите и судиите, се луѓе кои чесно си ја работат својата работа, коишто обвинуваат и судат според закон и Устав. Но, за жал, има и такви кои останаа партиски измеќари и коишто, наместо да заборават на партиските привилегии и на оние кои ги предложиле таму, се уште се верни слуги на истите, кои на времето ги предложиле да бидат таму каде што се“, одговори Мицкоски.

Премиерот Мицкоски го потенцираше и однесувањето на еден обвинител, кој, според него, наместо да биде заштитник на владеењето на правото, се одлучил да биде верен слуга на една партија која била долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада.

Реклама

„Посебно би го потенцирал однесувањето на еден обвинител од пред неколку дена, кој се одлучи, наместо да биде обвинител и заштитник на владеењето на правото и правдата, да биде верен слуга и измеќар на една партија која беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада“, објасни Мицкоски.