Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски: Овој тим на СДСМ е осуден на пропаст, залудни им се и оние советници од Србија предводени од советникот на Заев кои од партијата направија прокси

„Ние играме многу тивко, анализираме, мериме пред да пресечеме и не правиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ние играме многу тивко, анализираме, мериме пред да пресечеме и не правиме естрада од ништо. Едноставно ги движиме работите напред, тоа е нашата стратегија. Значи не сакаме премногу естрада, галама, бука, туку едноставно сето тоа да биде одмерено, и да не се случува некоја хистерија со која ние ќе станеме здодевни кај граѓаните и претенциозни, тоа не ни е желбата. Тоа не е добро. Затоа се трудиме на овој начин да ги водиме политиките“, вели претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на Алфа телевизија.

Премиерот Мицкоски коментирајќи го тимот на СДСМ, рече дека овој тим на СДСМ е осуден на пропаст, посочувајќи дека залудни им се и оние советници од Србија под менторство на поранешниот советник на Заев кои од партијата направија прокси.

„Во делот на нашиот, се уште легитимен политички противник, а тоа е се уште во моментот СДСМ односно коалицијата која што таа ја предводи. Јас жалам што некогаш државотворната СДСМ, денеска гледам една група на луѓе која што ја има целосно приватизирано со една реторика, со една стратешка порака која што апсолутно не доликува на ваков тип на политичка партија. Која што одбрала да ја поими политиката како принцип во кој што ќе измислуваат и тогаш ќе ја испраќаат таа порака во јавноста, „растури ги пердуви, они секако не можат да ги соберат сите пердуви, па дел од луѓето ќе ни поверуваат во тие лаги“ итн. Но, тоа е на краток рок. На среден и на долг рок, осудени се на пропаст и овој тим од Србија што е дојден овде под менторство на еден поранешен советник во кабинетот на поранешниот претседател на СДСМ и премиер, и луѓето кои што тој ги донесе се луѓе кои што не носат нешто револуционерно. Не се луѓе кои што носат нешто кое што може СДСМ да ја врати на оние позиции во кои што беше препознаена можеби некогаш во минатото“, истакна Мицкоски и додаде:
 
„Јас не знам дали е свесен СДСМ во целата ситуација дека игра улога на прокси, но мислам дека некој таму барем малку е свесен за тоа што се случува и мислам дека ќе преовладее некаков разум. Но тоа е нивна работа.“

Реклама