Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Мицкоски: Ова е голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сега е време за обединување и за работа

Вечерва сакам да прогласам голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечерва сакам да прогласам голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја, изјави вечерва на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, порачувајќи дека сега е време за обединување, одговорност и работа.

– Ви благодарам мој народе! Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина, ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме. Вечерва Македонија повторно покажа зрелост, победивме во Скопје, во скопски Карпош, победа и во Аеродром и Чучер Сандево, Брвеница. Победивме и во Вландово, Дојран и Крушево, кои досега имаа градоначалници од СДСМ. Победивме и во Кочани, нашето Кочани кое мораме да го издигнеме и поткрепиме. Имаме победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново – Облешево, Виница, Конче, Демир Капија, Пробиштип. Во неколку други се преборуваат гласовите, рече Мицкоски.

Тој соопшти дека коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ убедливо победи и во Кичево.

Реклама

– Сакам да соопштам една важна порака која дојде од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари! Падна од народот кој се обедини против раскалашеност, недомаќинско работење и се докажа дека никој не е посилен од народот. Се покажа што значи кога сме обединети, таму соработувавме – различни вери, националности. Тоа значи дека можеме да се обединиме Македонци, Турци, Албанци, Бошњаци… На ова треба да работиме. Победи  соживотот и вербата во вредности, победи идејата дека Македонија е дом за сите. Кичево мора да биде во владиниот фокус, Кичево е на кичевчани!, порача Мицкоски.

Тој укажа и дека поминало времето на локални шерифи кои правеле малверзации само политички да преживеат и тоа време, како што нагласи, вечерва завршува и во скопски Карпош.

– Овој резултат е и порака до СДСМ, не сум среќен поради нивниот дебакл, но тоа е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не го фати чекорот со времето, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски порача дека секој глас на овие избори носи одговорност и доверба  и порака од граѓаните да се продолжи посилно.

– Вечерва славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас е одговорност и доверба, овие избори се и порака до нас да не се забегува со довербата и таа порака е разбрана да продолжиме уште посилно и да ја претвориме надежта во конкретни резултати. Време е за обединување, за работа, за Македонија што верува во себе. Оваа победа е и ваша победа!, потенцира Мицкоски на прес-конферецијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ по завршување на гласањето во вториот круг на Локалните избори.