Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски: Основен проект за реконструкција на коловоз на ул. „Ѓорѓи Димитров“ во Кисела Вода, се подобрува сообраќајниот проток

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук објави дека со основниот проект за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук објави дека со основниот проект за реконструкција на постојната улична мрежа коловоз на улица „Ѓорѓи Димитров“ во општина Кисела Вода значително се придонесува за подобрување на сообраќајниот проток, урбаното уредување и секојдневната мобилност на граѓаните.

– Основен проект за реконструкција на постојна улична мрежа коловоз на ул. Ѓорѓи Димитров во општина Кисела Вода. Во работната фаза се реализираат теренски активности за целосна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Димитров“, со фокус на подобрување на безбедноста, функционалноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура. Работите се изведуваат согласно современи стандарди за урбано уредување и долготрајност на патната конструкција, објави Мицкоски, во делот „Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“.

Зафатите, како што наведува, опфаќаат темелна реконструкција на коловозната површина, замена на тампонскиот слој и изградба на нова асфалтна конструкција во два слоја, како и реконструкција на тротоарите од двете страни на улицата со нови павер елементи.

Реклама

– Паралелно се врши нивелирање и зајакнување на шахтите од фекалната и атмосферската канализација, со што се обезбедува стабилност и сигурност на целата сообраќајница. Со инвестиција во вредност од 51.891.337 денари, проектот значително придонесува за подобрување на сообраќајниот проток, урбаното уредување и секојдневната мобилност на граѓаните, објави премиерот Мицкоски.

Видеото погледнете го на следниот линк: