Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Мицкоски од Валенсија: Не можеме да молчиме за двојните стандарди кои го поткопуваат европскиот дух

Влез на Македонија во Европска Унија со заслуги, а не со двојни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влез на Македонија во Европска Унија со заслуги, а не со двојни стандарди. Државата продолжува напорно и посветено да се бори за влез во вропското семејство. Македонската Влада останува на идејата за заедничка европска иднина, останувајќи посветена на конзервативните вредности ова се пораките кои ги упати премиерот Христијан Мицкоски од посетата на Веленсија, каде имаше обраќање на конгресот на Европската народна партија.

„Мојата Влада останува цврсто посветена на конзервативните вредности, семејството, одговорноста, економската слобода и владеењето на правото, вредности што нè водат дома и во Европа. Сепак, не можеме да молчиме за двојните стандарди кои го поткопуваат европскиот дух и ја разочаруваат нашата нација. Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат. Време е за Европа на доследност, вредности и заемна почит“- стои во објавата на премиерот Мицкоски.

Актуелните геополитички предизвици, билатералната соработка, посветеноста на Владата на реформскиот процес, интеграцијата на државата во Европската унија, како и соработката и поддршката во рамки на овој процес беа во фокусот на бројните средби што се одржаа на маргините на Конгресот на Европската народна партија во кои учествуваше македонскиот премиер.

Реклама

Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и останати владини преставници остварија бројни средби со високи политички преставници, се сретнаа со канцеларот на Австрија Кристијан Стокер, министерката за Европа на Кралството Шведска Џесика Розенкранц, претседателот на Српската напредна странка Милош Вучевиќ, како и со членовите на Европскиот парламент Софија Кирчер, Матеј Тонин и Карло Реслер.

Валенсија беше домаќин на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), кој послужи како момент на единство за ова политичко семејство. На Конгресот беше реизбран германскиот политичар Манфред Вебер.