Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Мицкоски од новите министри во Владата очекува да работат посветено, чесно и во интерес на граѓаните

-Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека од новите министри  очекува да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека од новите министри  очекува да работат во интерес на граѓаните, и оти засега нема да има реконструкција на Владата.

-Да работат посветено, чесно и да работат за интересот на граѓаните, рече Мицкоски.

Со мини реконструкцијата на Владата, се пополни испразнетето министерско место за животна средина и просторно планирање. По заминувањето на Изет Меџити, откао беше избран за нов градоначалник на Општина Чаир за нов министер предложен е Мухамед Хоџа, а прв вицепремиер и министер за европски прашања ќе биде Беким Сали, со што актуелниот министер Орхан Муретезани си заминува од оваа позиција. Премиерот, Мицкоски на новинарско прашање кажа дека немаат разговарано за следно именување на Муртезани.

Реклама

-Јас сум исклучително задоволен од тоа што досега тој го сработи. Очекувам нормално и понатаму да продолжи нашата соработка на друго место, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во моментов како Влада се сконцентирани на претстојниот Самит Западен Балкан-Европска унија, кој ќе се одржи овој месец и тоа е приоритет за нив во овој период.

-Таму некаде помеѓу 17. и 18. овој месец е Самитот Западен Балкан –Европска унија. Така што имаме други приоритети на дневен ред, фокусирани сме на тоа, уште еднаш да ги презентираме нашите позиции за членство на Македонија во рамките на Европската унија и сите сме фокисирани за тоа, изјави Мицкоски.

Прашан дали има обезбедено Бадентерово мнозинство во рамките на македонското Собрание, Мицкоски со одговор дека Бадентеровото мнозинство го поврзуваат со гласањето на реформските закони, за коишто позитивно мислење имаат дадено од канцеларијата на ЕУ.

-Јас не очекувам ниту еден пратеник во Парламентот, кога ќе дојде таков реформски закон на дневен ред, којшто е поздравен секако од самата канцеларија на ЕУ во земјата, да гласа против или воопшто да не гласа. Така што јас не би ги поврзувал Бадентеровото мнозинство со условно кажано реформската агенда, вели Мицкоски.