Реклама

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Македонија

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари.

Мицкоски не прецизира кога би имал средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што беше најавено по лидерската средба, која се одржа во средата, туку само кусо изјави дека одржува средби со лидерите на повеќе политички партии и оти во тие рамки би се одржала и средбата со Ахмети. 

– Тоа што беше договорено на лидерската средба, беше безусловно кажано дека ќе биде поддржано. Беше споменато дека постоеле некои амандмани за што потоа во разговор со министерот за внатрешни работи беше констатирано дека такви амандмани не постојат. Но, и покрај тоа, се договоривме во текот на вчерашниот ден практично, на ниво на координаторите на пратеничките групи, да има состанок и сите тие нејасни теми да бидат разјаснети. Таков состанок, колку што сум информиран, во текот на вчерашниот ден се одржа, а бидејќи министерот за внатрешни работи е отсутен од Македонија, тој беше вклучен преку телефонски повик, беа разјаснети сите нејасни работи и очекувам законот за прекршоци веќе на следната собраниската седница да помине – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово.

Реклама

Премиерот потсети дека за да биде донесен овој закон, потребно е само двотретинско мнозинство, без потреба од Бадентер. Тој очекува „Безбеден град“ да почне да функционира од 1 февруари. 

– Јас во една пригода изјавив дека ако се спореди декември 2015 година со истиот месец 2024 година, на територијата на Скопје, ќе дојдеме до заклучок дека имаме нула жртви како резултат на сообраќајни несреќи во декември лани, а истиот месец во 2024 година имаме пет. Тоа значи нула и пет. Јас им благодарам на граѓаните кои го почитуваат овој проект и очекувам да бидат спасени многу човечки животи. Затоа не очекувам политичко калкуланство кога станува збор за човечкиот живот – рече Мицкоски.

Прашан дали покрај одржаната средба во Собранието на ниво на пратенички групи ќе има и тет-а-тет средба со Ахмети, Мицкоски не прецизира дали и кога ќе се случи такво нешто.
 
– Јас во моето редовно политичко функционирање се среќавам со лидери на политички партии, така што во рамките на тие средби претпоставувам дека ќе се сретнам и со господинот Ахмети – рече Мицкоски истакнувајќи дека сè уште нема одреден датум за таква средба.