Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме

По период на силни ценовни шокови, Владата уверува дека инфлацијата влегува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По период на силни ценовни шокови, Владата уверува дека инфлацијата влегува во фаза на стабилизација. Надлежните тврдат – резултатите се видливи, но предупредуваат дека состојбите не можат да се променат преку ноќ. Очекувањата на власта се дека во Македонија ќе има пониска инфлација од земјите во регионот и дека годинава нема да надмине 3%. Премиерот Мицкоски вели дека исклучок е само Србија каде има ограничувања на цените, но додава дека веднаш по укинувањата на мерките, инфлацијата таму ќе вивне.

Кога ќе ја споредиме стапката е иста како во регионот освен во Србија е 2,2 % тоа е така видејќи имаат мерка со ограничување на цените на производите, но кога ќе се укине мерката ќе имаат пик и цените ќе вивнат“, вели Христијан Мицкоски, премиер на Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочосма оценува дека претходната власт ги оставила трговците да работат без никакви контроли и да ги зголемуваат цените со што тоа им преминало во навика. Според неа, за да се искорени оваа пракса ќе биде потребно време.

Реклама

Истакнува дека циклусот на раст на платите и цените морал да заврши со стабилизација, но дека најголемиот товар и натаму го чувствуваат граѓаните кај основните прехранбени производи, кои се неопходни и не можат да се заменат или одложат.

„Јас многу често во тој период зборував да се користат стоковите резерви се она што може да се направи за да не отидат цените нагоре, претходната влада не го спречи. Е сега вие кога ќе ги научите фирмите дека за нивниот производ со повисока цена има производ, многу тешко да го научите назад“, вели Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии.

Освен справувањето со инфлацијата, друг главен фокус на власта е и зајакнување на меѓународната економска позиција на државата.

Особено значаен, според Мицкоски, е договорот со Соединетите Американски Држави, кој им овозможува на македоските компании да извезуваат одредени производи со повластени царински тарифи. Станува збор за 62 до 64 земјоделски, прехранбени, фармацевтски и производи со напредна технологија, за кои тарифите се движат од нула до 6.5%. Со потпишувањето на договорот со САД, Македонија влегува во групата на привилегирани трговски партнери со помали давачки. Трговската размена меѓу двете земји изнесува околу 600 милиони долари, при што Македонија остварува поголем извоз отколку увоз

„Самиот договор по себе е единствен надвор од ЕУ , со тарифи исти како ЕУ и Обединетото кралство, но пораката е силна. Самиот твит на високиот трговски претставник на САД, господинот Грис, испраќаат порака кој е нивниот насилентрговски партнер во регионот, а тоа е Македонија, вели Христијан Мицкоски“, премиер на Македонија.

Премиерот вели и дека Владата посветено работи на решавање на проблемот кој го имаат македонските транспортери со новите европски правила за престој, а се преговара и за зголемување на квотите за извоз на челик и алуминиум.