Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Мицкоски очекува средби со новата бугарска влада, но тоа не значи дека спорот е надминат

Нема отстапување од македонските позиции во однос на бугарското прашање – решение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема отстапување од македонските позиции во однос на бугарското прашање – решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, без уцени и ултиматуми. Премиерот очекува наскоро да се одржат средби со претставници на бугарската Влада на различни нивоа бидејќи мора да се градат добрососедски односи. Сепак, според Христијан Мицкоски, тоа не значи дека Македонија се согласува на некои теми кои задираат во идентитетот и ќе бидат причина за дополнителни блокади од источниот сосед.

„Што се однесува до средби, ние и веќе имавме средби во минатото со највисокото бугарско раководство со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да не изненади. Нити ние ќе исчезнеме, нити тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи“, изјави Мицкоски.

Премиерот повтори дека Македонија направила толку многу отстапки, што заслужила барем да го почне процесот но е дециден дека владата нема да се согласи на никаков почеток, без јасно утврдена цел и крај на процесот без да бидеме жртви на билатерални услови.

Реклама

„Затоа јас сум секогаш поборник да разговараме за теми што не зближуваат. Нашиот став е јасен и тој е непроменет и сигурен сум дека нема да биде променет, бидејќи јас лично мислам, а и претставниците во Владата мислат дека ние како народ како држава направивме премногу изминативе две и пол децении во името на европските интеграции како што никој не направил, и ценам дека конечно после 2 и пол децении или две децении откако сме кандидати дека не треба да имаме повеќе билатерални услови, туку треба да имаме објективни услови во процесот на преговори. И тоа не е нешто кое што е различно од тоа што јас сум го кажувал досега“, рече Мицкоски.

Дека има подготвеност и кај Бугарија за разговори во однос на македонските евринтеграции, потврди и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Тој за време на посетата на Брисел се сретна со претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ кој му пренел дека Софија е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог со Скопје.

Муртезани, посетата ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос со која разговарал за реформите кои Македонија ги спроведува на патот кон ЕУ.