Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10, за која Министерството за финансии треба да испрати писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање.

– Очекувам периодот формално да испратат дописи до потенцијалните заемодавачи. Ако се биде како што треба, оваа година очекувам почеток на изградбата на оваа пруга што ќе значи многу во историска и транспортна смисла, изјави Мицкоски денеска од Битола.

Министерството за финансии, како што вчера најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, најдоцна до крајот на денешниот ден треба ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на овој проект.

Реклама

– Треба да видиме колку банки се, за да видиме колку време ќе ни треба и нам и ним, мислам дека до 30 јуни ќе треба да се достават понудите, но почекајте да го пуштиме писмото и ќе информираме кога ќе биде крајниот рок за понудите. Владата не задолжи во рок од пет дена да доставиме понуди, а ние го внесуваме рокот врз основа на документите. Можеби ќе треба и нешто да се продолжи ако банките бараат дополнителни податоци. Во писмото се наведуваат контакт лица од Министерствопто за финансии (МФ), но и од одговорните институции зашто МФ не е тоа што одговара за детали од проектот што треба да се финансира. Станува збор за 1,91 милијарда евра кои ќе бидат побарани како понуда од една поголема листа на банки, вклучувајќи ги и оние со кои имаме постојана соработка како Светска банка, ЕБРД и ЕБОР. Ќе бидете информирани навреме како што ќе стигнуваат понудите – што ќе има внатре. Задолжени сме во рок од пет работни дена да ги доставиме писмата. Штом бидат доставени ќе добиете информации буклвално за секоја понуда. Да нема дилема, ќе бидеме максимално транспарентни какво што било секогаш Министерството за финансии, рече министерката.