Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Мицкоски очекува царините од САД да паднат под 15% – за тоа ќе се преговара по летните одмори

Соединетите Американски Држави ги преполовија царините за Македонија. Напорите на Владата дадоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соединетите Американски Држави ги преполовија царините за Македонија. Напорите на Владата дадоа резултат – наместо првичните 33%, тие сега ќе бидат 15%, на исто ниво како и за Европската Унија.

Премиерот е задоволен, но и оптимист дека тие ќе бидат уште пониски зашто преговорите меѓу двете земји не се завршени. Христијан Мицкоски вели дека оваа одлука ќе значи олеснување за македонската економија особено за извозно ориентираните компании.

“Од 33% тие за нас се намалени на 15%. Преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш после годишните одмори кои што ќе ги користат и администрацијата во кабинетот на претседателот и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерството и институците, очекувам во втората половина на август да продолжиме со преговорите. Очекувам да одиме уште подолу” – изјави премиерот Мицкоски.

Реклама

Најновата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп предвидува царини од 35% за Србија и 30% за Босна. Албанија и Црна Гора ќе имаат 10%, а останатите земји од регионот кои се членки на ЕУ, 15%, исто како и Македонија.

„Ние како Македонија сме во иста група како Израел, Новешка, Европската Унија и тн“, рече Мицкоски.

Од европските земји најсилно е погодена Швајцарија, со царина од 39%. Во светот највисока стапка ќе има Бразил, 50%. За Канада стапката е 35%, а за Мексико и Кина се уште нема конечна одлука.

„Верувам дека повеќе од 200 земји од светот контактирале со тимот за трговија и тарифи. Секако, како што реков претходно и како што рече претседателот, ќе им дадеме приоритет на нашите клучни трговски партнери.. Трговскиот тим работи деноноќно“, Каролин Ливит, портпарол на Белата куќа.

Македонија нема голема трговска размена со Соединетите Држави, лани 1.4% од вкупниот извоз завршил на американскиот пазар, во најголем дел тоа се автобуси и автомобилски делови произведени во слободните економски зони. Сепак, трендот е позитивен, во изминатите десет години извозот во САД е тројно зголемен. Поважно за македонските компании е тоа што сега царинската стапка за Македонија и за ЕУ е иста, зашто голем дел од македонското производство во Америка стигнува преку некоја од европските земји како дел од поголемиот синџир на снабдување. Вашингтон при утврдување на царините во најголем дел предвид ја имал трговската размена и суфицитот односно дефицитиот што тие го имаат кон другите земји.