Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

-Што се плашат од предвредмени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните . На ниту едно мерње, граѓаните не даваат предност на тоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема и не не знам уште колку пати треба да го кажам. Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има. Бидејќи следната година влегуваме во очи на редовните, оти ако има редовни тоа значи дека тхеничката влада би била избрана на крајот на декември или почетокот на јануари 2027/2028 година. Тоа значи дека ние сме на помалку од две години од техничка влада. Нема да има. Ние сме народна партија. Од народот потекнуваме. Исто така, сите пораки од меѓународната заедница се дека имате стабила влада, дајте испоралчувајте реформи, дајте да работиме. И гледате дека ние не седиме, туку си работиме  и саботи, викенди, делници, празници, мора да се сработи – рече Мицкоски вечерва на гостување на една од националните телевизии.

Околу предлогот за укинување на техничката влада по следните избори, премиерот потенцира дека Советот на Европа вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да ги обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат.

Реклама

-Еве локалните избори се доволен доказ. По локалните избори, не треба мене да ми веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, го укинаа постмониторингот за Макеоднија. Еве не треба мене да ми веруваат. Не треба на никој да му веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, која е европска институција. Тој вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да си обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат. Да бидеме реални.Тоа е политиканство. Важно е, затоа што е дел од процеси кои ќе следат – рече тој.

Потенцира дека суштината е оти опозициската СДСМ сакаат да политизираат по принципот поларизирај. 

-Ние бевме многу јасни пред претходните парламентарни избори во 2024 година, јас кажав дека сме за укинување на техничката влада. Ние влегуваме во еден таков чуден вртлог, континуиран. Еве јас прифатив – реков нејќам техничка влада. Ако тие сакаат да изберат премиер Албанец, не мораше техничка влада, можеше да имаат легитимна влада. Демократијата вели дека кој го има мнозинството, тој прави влада. 61 во парламентот прават влада. Пораките од народот се многу јасни – дека од оваа влада не се очекува политикантство, туку работа. И тоа го правиме – рече тој. 

Мицкоски нагласи дека процесот со реконструкцијата на Владата очекува да заврши најдоцна до јуни.

-Јас веќе има  изградено свој став, не велам дека немам. Но, сакам да седнам со коалициските партнери и да разговараме. Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес – рече тој.

Премиерот не сакаше да ги коментира последните превирања во ВРЕДИ. Потенцира дека е одлична атмосферата на владините седници и помеѓу колегите.

-Не е културно јас да ги коментирам. Не очекувам да се наруши атмосферата. Оваа влада ја започнавме заедно. Соработуваме одлично со колегите од коалицијата ВРЕДИ, со ЗНАМ, со останатите коалициски партнери, со внатрешните партнери на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Владата. Атмосферата на владините седници и помеѓу колегите, би рекол дека е одлична – истакна премиерот Мицкоски.