Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Македонија

Мицкоски: Не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија

Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера, ниту сме пледирале, да се мешаме во внатрешните и независни политики на која било држава – посочи премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Ѓорче Петров коментирајќи ги неодамнешните протести пред Министерството за правда и најавениот митинг во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот на македонската Влада, Мицкоски, денеска го осуди и однесувањето на опозициската партија Демократска унија за интеграција, која, како што рече, 20 години не успеала да го реши проблемот на студентите што деновиве протестираа за полагање правосуден испит на албански јазик.

– Јас секогаш поддржувам протести како демократско право, но мене лично ми пречи тоа што протестантите, кои се правници и кои се борат за право, токму тие го прекршуваат законот, како што се Законот за знамињата или Законот за државната химна, Уставот и така натаму. Навредите нема да ги коментирам затоа што тоа е домашно воспитување кое се стекнува во првите седум години од животот, нема да го коментирам насилниот инцидент, а нема да ги коментирам ниту надворешните мешања во внатрешните работи на Македонија на некои надворешни фактори и тоа ќе го сметаме за фолклор – рече Мицкоски.

Реклама

Но, тоа што во моментот ние како Влада го работиме, додаде тој, е да се обезбеди трајно решение со кое овој, но и низа други проблеми што ги наследивме од минатото, треба да бидат решени.

– Го осудувам и однесувањето на опозициската партија Демократска унија за интеграција бидејќи тие имаа можност во изминатите 20 години да ги решат овие прашања и, за жал, ништо не направија, а решаваа лични прашања. И, ако споредите, од голтари станаа милиониери на грбот на националните пароли и на грбот на луѓето што мака мачат како од први до први до го поминат месецот. Ние сме одговорна Влада, проблемите се за да се решат, ние решивме стотици проблеми, така и овој ќе биде решен – истакна премиерот Мицкоски.

На новинарско прашање за кометар во врска со најавениот митинг за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово, премиерот Мицкоски одговори дека не поддржува надворешно мешање во внатрешните работи на Македонија.

– Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера, ниту сме пледирале, да се мешаме во внатрешните и независни политики на која било држава – нагласи Мицкоски.